
Реал е заинтересиран за Родри, Флорентино Перез му испрати експресна порака
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одговори на желбите на Родри, најновиот освојувач на Златната топка и играч на Манчестер сити, дека нема опција тој да дојде како засилување на шпанскиот клуб.
Препорачано
Голема полемика имаше околу доделувањето на Златната топка за 2024 година, која ја освои Родри од Манчестер сити. Фудбалската јавност е поделена по ова прашање и одредена група смета дека играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор сепак ја заслужил наградата.
Родри во таа прилика не се слушна ниту со него, ниту со некој од Реал, но сепак изјави дека доколку добие понуда од Шпанците, без размислување ќе ја прифати.
– Јасно е дека кога ќе ве покани најуспешниот клуб во историјата, би било огромна чест. Кога ќе ве повика Реал Мадрид, тогаш треба да размислите за тоа. Сигурно е дека би обрнал внимание на ваква понуда – беа зборовите на Родри.
Сепак, тоа не им се допадна на навивачите на „кралскиот клуб“ и тој моментално е последната личност која би сакале да ја видат во својот клуб. Со тоа се согласува и претседателот на Реал Флорентино Перез, кој не сака Родри да дојде во неговиот клуб.
Шпанските медиуми објавија дека Перез бил експлицитен за ова прашање и дека овој трансфер никогаш нема да се случи. Една од причините секако е наградата „Златна топка“, за која сметаат дека требало да му припадне на Винисиус.
Родри сигурно би бил добро засилување за Реал, бидејќи откако Тони Крос се пензионираше, „кралевите“ имаат многу маки на таа позиција.