
Разрешен судијата Енвер Беџети, шест месеци откако беше ставен на „црната листа“ на САД
Судијата од Апелациониот суд Енвер Беџети, по шест месеци откако се најде на „црната листа“ на САД заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, е разрешен и суспендиран од судиската функција, дознава “Слободен печат”.
Препорачано
Ова се неофицијални информации, затоа што постапката што се води пред Судскиот совет е тајна и никој оттаму не потврдува.
– Барање за утврдување на одговорност на судија донесе одлука за разрешување на судијата од вршење на судиската функција, и одлука за времено оддалечување до правосилно завршување на постапката – се вели во соопштението од Судски совет.
Откако беше ставен на „црната листа“, Судскиот совет повторно отвори предмет за Беџети, но постапува и Јавното обвинителство. Според тогашното соопштение од Стејт департментот, тој и Груби беа посочени дека зеле мито при одлучување за предмет за Мијалков.
– Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби – стоеше во одлуката на Стејт департментот.