Ксенија Николова
Ксенија Николова / Фото: Приватна архива / Инстаграм

Разговор со Ксенија Николова: Сонувам за многу нешта, но не очајувам по ништо…

Денес ќе ве запознаам со девојката која изгледа како да излегла од некоја руска бајка и чија љубов е пишувањето романи. Но, како и во бајките и во животот има нешта што нè плашат, како анксиозноста на пример. Но, сè може да се победи, кога почнуваме да го цениме мигот и да живееме во сегашноста, пренесува „Еспресо.мк“.

Убавината ти е руска, имаш ли некој руски корен?

– Ти благодарам на комплиментот. Мојата мајка е русинка и навистина се радувам што имам и потекло оттаму. Многу ја сакам Русија и поврзана сум со таа земја.

Дали убавината е среќа?

– Убавината, кога е склоп на еден целосен сет на вредности и грижа за себе, секако декa е среќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ??????? ???????? (@ksenijanikolova)

А што е со внатрешната убавина? Како неа ја негуваш?

– Внатрешната убавина ја негувам со постојана грижа за своето ментално здравје и надоградување на својата личност. Уживам во работата на себеси и во тој процес.

Како се справуваш со анксиозноста и како успеа да ја победиш депресијата? Кои работи ти помогнаа во тоа? Што би ги посоветувала оние кои секојдневно се борат со овие нешта?

– Анскиозноста и депресијата се теми коишто не можеме да ги дискутираме во две реченици. Едноставно не смееме. На мојот Инстаграм профил имам доста видеа, „лајвови“ со психолози и слично, каде што детално сме зборувалe на тие теми. Можам само да кажам дека нема две исти борби како што нема ни две исти приказни.

Фото: Приватна архива

Дали пишувањето е терапија?

– Пишувањето е секако моја основа и нешто што мене во целост ме дефинира, а со тоа и ми помага да се осознаам себеси и да ги победам нештата со коишто се борам.

Кажи ни збор-два за твоите дела, романите кои си ги напишала?

– Јас сум автор на шест романи издадени на македонски јазик, од кои два се преведени и издадени на англиски, еден на руски и еден на бугарски јазик, со што мојата уметност влезе и низ интернационалните врати, што отсекогаш беше мојот сон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ??????? ???????? (@ksenijanikolova)

За што сонуваш?

– Сонувам за многу нешта, но не очајувам по ништо. Среќна сум во секој момент.

Што би сакала да ти се исполни во наредните пет години?

– Имам свои цели за наредните пет години, но тие никогаш не би ги кажала наглас, тие се само мои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ??????? ???????? (@ksenijanikolova)

Која е твоја најсреќна слика од детството?

– Имам премногу среќни слики од детството, јас имав навистина прекрасно детство.

Која е најсреќната слика што ја замислуваш еден ден кога ќе остариш?

– Не замислувам ништо, навистина, многу е важно да имаме цели, но многу е важно и да живееме во моментот, во сегашноста. Порано бев опседната со очекувања, но престанав, бидејќи тоа беше грешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот