Фото: Bart Hiddink / Wikimedia

Разбеснет бик бркал маж и жена низ овоштарник во делчевско – се качиле на дрво за да се спасат

Маж и жена – сопружници од делчевското село Град доживеале вистинска драма во овоштарникот во кој работеле – ги нападнал бикот на соседот, кој разбеснет ги бркал низ овоштарникот, па морале да се качуваат на дрво за да спасат жива глава.

Гневното животно дури и се обидувало да ги тресе дрвјата на кои се качиле сопружниците, а тој го оштетил и нивното возило. Преплашените сопружници се јавиле кај пријател, а дошла и полицијата, која, пак, го повикала сопственикот на бикот и тој успеал да го смири, пишува порталот „ММС“.

Штипската полиција информира дека во понеделникот во 15:20 часот во СВР Штип било пријавено дека во нива на место викано „Низамски ниви“ кај делчевското село Град, С.С. и неговата сопруга Ј.С. биле нападнати од бик, сопственост на соселанецот М.С., при што биле направени оштетувања на овоштарникот и на нивното возило.

-Во Полициската станица Делчево на службен разговор бил повикан сопственикот М.С., а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Делчево. Се работи на комплетирање на случајот, по што против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот