Фото: Принтскрин/Видео

Раскол во Партијата на пензионерите, ВМРО-ДПМНЕ вели дека никогаш не биле во коалиција

Пред локалните избори, дел од раководството на Партијата на пензионери излезе на прес – конференција и кажа дека на претстојните избори ќе го поддржат СДСМ, иако претседателот на партијата во јуни соопшти дека ја напуштаат коалицијата со СДСМ и започнуваат соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

Прес- конференцијата ја одржа потпретседателот на Партијата, Миле Андоновски кој рече дека го поддржува и другиот претседател на партијата Добре Ефремовски, но дека го поддржуваат и многу членови кои биле незадоволни од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

– Со СДСМ делиме исти идеолошки вредности, имаме компатибилни програмски цели и пензиски политики, и соработуваме на принципиелни основи. Наш приоритет останува правично, стабилно и долгорочно остварување на интересите на пензионерите во земјата, изјави потпретседателот на Партијата на пензионери, Миле Андоновски.

Како што изјави тој, одлуката на Извршниот одбор за отпочнување на коалициска соработка со ВМРО-ДПМНЕ предизвикала револт кај членството, а како главни причини за отфрлање на оваа одлука се наведуваат несоодветното образложение, потенцијалното фаворизирање на лични политички амбиции на поединци, како и идеолошките разлики и несогласувања во пензиските политики меѓу двете партии.

Утре имало закажано Извршен одбор на кој тие очекуваат незадоволните да бидат помногубројни, немаат намера да прават фракција туку ангажманот да го насочат кон јадрото на партијата.

На прес-конференцијата веднаш реагираше ВМРО-ДПМНЕ од каде порачаа Партијата на пензионери да не ја лаже и манипулира јавноста.

– Партијата на пензионери не може да излезе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од едноставна причина што никогаш оваа партија не била дел од истата. Но точно е дека оваа партија пред само неколку месеци излезе од коалицијата со СДС. Со зачуденост гледаме на нивното постојано променливо однесување – вели партијата во реакцијата.

Во јуни Партијата на пензионерите соопшти дека ја напушта коалицијата со СДСМ и дека започнуваат соработка со ВМРО-ДПМНЕ. Нивниот лидер и поранешен пратеник на СДСМ, Илија Николовски, тогаш рече дека во интерес на пензионерите е секогаш да бидат со власта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот