Рашковски реагира на написи во медиумите: Не сум изнесувал 20.000 евра од Македонија, легално ги внесов

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, реагираше откако дел од медиумите објавија дека бил задржан на границата со Грција при обид да изнесе 20.000 евра од земјава.

„Во врска со некои написи на медиумите дека сум задржан на граница со Грција, тие се апсолутно невистина. Станува збор за легално пријавени средства на царинскиот службеник, со извод од банка, кои се внесуваат во државата, а не се изнесуваат. Ве молам како медиуми да не ширите невистини“, напиша Рашковски на „Фејсбук“.

Некои медиуми денес објавија дека Рашковски бил фатен со 20.000 евра кеш на граничниот премин, за кои немал покритие и не биле пријавени, како и дека бил задржан, а парите конфискувани. Тој тврди дека станува збор за неточни информации и инсистира дека средствата биле целосно законски пријавени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот