
Ранобудници или „ноќни птици“? Ново истражување открива кои луѓе имаат подобра когнитивна функција
Ново истражување вели дека останувањето будни до доцна може да биде добро за моќта на нашиот мозок. Според истражувањето, луѓето кои се сметаат за „ноќни птици“ имаат подобри когнитивни функции од оние што рано стануваат.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Истражувањето е спроведено на 26.000 луѓе кои доцна си легнувале и покажа дека имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција и меморија, пренесува „Гардијан“.
Како што покажуваат резултатите, верувањето дека оние кои легнуваат доцна не успеваат да направат многу во текот на денот, не е точно.
Истражувањето го направија истражувачи од „Империал колеџ“ во Лондон врз основа на податоците собрани од „Биобанк“ на Велика Британија. Тие испитуваа како времетраењето, квалитетот и хронотипот на спиењето на учесниците (кој одредува во кое време од денот се чувствуваме најбудни и најпродуктивни), влијае на работата на мозокот.
Научниците заклучија дека луѓето кои легнуваат доцна имаат побрзи реакции, подобра меморија и се попроникливи од оние што се ранобудници.
Водачот на истражувањето, д-р Раха Вест истакна дека иако е неопходно да се разберат и усогласат со природните тенденции за спиење, подеднакво е важно да се одвои доволно време за спиење и тоа не треба да биде премногу кратко или премногу долго.
„Од клучно значење е вашиот мозок да биде здрав и да функционира максимално“, рекла таа.