фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Рандал Коло Муани ќе биде новиот напаѓач на Јувентус

Напаѓачот на ПСЖ, Рандал Коло Моани ќе се пресели во Јувентус, пишува Флоријан Плетенберг.

Двата клуба постигнаа договор за трансферот, а и самиот играч се согласи да се пресели во торинскиот гигант.

Коло Муани до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Јувентус. Во договорот меѓу двата клуба нема задолжителна откупна клаузула. 26-годишниот напаѓач денеска ќе ги мине лекарските прегледи, по што и официјално ќе стане дел од „бјанконерите“.

Францускиот репрезентативец не игра редовно за ПСЖ од почетокот на сезоната. Во сите натпреварувања во 14 настапи има постигнато два гола.

Париските „светци“ го ангажираа пред година и пол за 95 мил. евра од Ајнтрахт Франкфурт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот