Фото: Arsenal FC

Рамсдајл потпиша нов договор со Арсенал

Голманот на Арсенал, Арон Рамсдајл го продолжи договорот со клубот од „Емирати“ до летото 2028 година.

Рамсдајл зад себе има одлична сезона и е еден од најзаслужните што Арсенал сезонава е главен конкурент на Манчестер Сити за титулата, која сепак на крајот како што стојат работите ќе заврши на „Итихад“.

„Чувствувам гордост, тоа е нешто што сакате да го правите. Не е важно дали сте биле во клубот еден месец или четири години, секогаш сакате да победувате и да одите напред“, изјави Рамсдајл при потписот на договорот.

Во редовите на Арсенал, Рамсдајл стигна од Шефилд пред две сезони, претходно играше за Бормут, Вимблдон и Честерфилд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот