Рамчиловиќ: Во ВМРО-ДПМНЕ ќе се случат промени и тоа е неминовно- Левица политички одиграа паметно, но ова е краткорочен успех (ВИДЕО)

Иако резултатот е тесен, важно е да се каже дека на овие избори победија прогресивните сили. Многу е важно што изборите поминаа беспрекорно чисто, освен хакирањето на веб сајтот на ДИК кој што остави мала дамка. Сепак луѓето ја препознаа разликата и испратија порака дека со црна кампања не може да мотивирате некој да излезе да гласа за вас. Ова е добро, бидејќи на следните избори сите повеќе ќе се фокусираат да презентираат она што може да го дадат, а не да оцрнуваат опоненти, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Зекир Рамчиловиќ, пратеник.

– Мислам дека во ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се случат промени. Веќе неколку циклуси лидерот на партијата губи, а кај него е и најголемата одговорност. Мислам дека во таа партија има многу луѓе кои ќе можат да ја демократизираат партијата. Постои огромно незадоволство, освен кај онаа врхушка која самиот лидер ја има поставено. Мислам дека ќе се случат промени и тоа е неминовно, вели Рамчиловиќ.

– Изборниот модел мора да претрпи промени. Една изборна единица е нешто што и е потребно на државата и граѓаните. Како припадник на Бошњаците јас барав и гарантирани места, кое што би било здраво. Мислам дека тоа би било многу здраво за општеството.

– Левица го искористи незадоволството од големите партии. Политички одиграа паметно. Начинот на кој што ветуваше правна држава привлече една група на граѓани и пред овие избори привлече и дел од граѓани кои се со радикални ставови. Но, сметам дека е ова краткорочен успех и со овие ставови не може да оди напред. Сметам дека сега како дел од опозиција ќе се обиде да го билда рејтингот и на следните избори да добие уште некој пратеник, но со вакви ставови мислам дека нема да може да направи нешто повеќе, додаде Рамчиловиќ.

– Очекувам дека Заев ќе направи парламентарно мнозинство кое ќе биде поддржано од поголемиот дел на пратеници, смета Рамчиловиќ.

Проследете го целиот разговор:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот