Рамбо Амадеус / Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Рамбо Амадеус денеска слави роденден: Ова се неговите 17 правила за среќен живот!

Црногорскиот пејач, кантавтор, сатиричар и „мега цар“ Антоније Пушиќ, познат како Рамбо Амадеус, денеска го слави својот 62. роденден.

Покрај музиката, познат е и по својата мудрост изразена низ хумор, иронија и необични животни ставови. Пред неколку години, Рамбо Амадеус ги објави своите 17 правила за среќа, кои на шеговит, но суштински начин откриваат како да се живее попросто, посмирено и посреќно.

Еве ги неговите препораки:

1. Наутро – млака лимонада од пола лимон.

2. Благо истегнување и лесна гимнастика.

3. Само еден информативен извор – без емоционални вишоци.

4. Престанете да ги следите оние што само се жалат, а не нудат решенија.

5. Пешачете – во гените ни е.

6. Разменувајте предмети со пријатели – весело и корисно.

7. Поправајте си сами дома – задоволството е загарантирано.

8. Читајте книги – не сите се досадни.

9. Следете наука – космосот помага при земните тегоби.

10. Дишите длабоко и бавно – секогаш кога ќе се сетите.

11. Насмевка на лице – функционира и научно.

12. Возете нешто што не прави бучава.

13. Јадете помалку месо.

14. Подарете го сè што не ви треба.

15. Сакајте некого или нешто – бесплатно е и убаво.

15А. Одгледувајте растенија – рузмаринот му е омилен.

16. Еден час дневно во тишина.

17. Дополнете си самите…

„Ако имате и пари – запишете се во школа за едрење. Никогаш не сум сретнал депресивен едриличар“, ќе додаде Рамбо во свој стил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот