Ралев: Интересот кај средношколците за студирање архитектура е секогаш висок, брзо се прилагодивме на виртуелниот начин на работа (ВИДЕО)

-Се наоѓаме во една несекојдневна состојба, затоа што архитектонските студии одсекогаш и насекаде претставувале култен академски жанр кој произлегува од нивната мултимедијалност, мултидисциплинарност. Кај нас на архитектура никогаш не тивко. Врвулица, луѓе постојано. Тоа е како кај R’n’R, не може да создавате или да живеете сами. Но, состојбите се такви какви што се, ние брзо се прилагодивме кон виртуелниот начин на комуникација и на работа, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, деканот на Архитектонски факултет на УАКС, Мишко Ралев, говорејќи за состојбите предизвикани од КОВИД-19 и начинот на комуницирање во новото време.

Контакт со фирмите кои вработиле студенти за квалитетот кој го имаат стекнато за вфреме на студиите.

-Интересот кај средношколската младина за студирање архитектура е секогаш висок. Очекуваме и во овие состојби на затворени граници и поголем интерес, затоа што еден добар дел од средношколците заминуваа на студии во странство.

Ние како дел од Универзитетот Американ Колеџ во Скопје преземаме и одредени активности во следењето на завршените студенти, преку некои видови на проверка на резултатите од учењето, преку лични контакти со фирмите кои ги вработуваат. Имаме одличен увид каков е квалитетот на нашите студенти и сме горди на тој квалитет кој што е докажан, иако сме каратко на овој пазар. Некои од нашите завршени студенти имаат и одредени успеси во странство, додаде Ралев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот