Арпад Штербик/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометната легенда и европски првак со Вардар Арпад Штербик имал срцев удар

Лоши вести го погодија ракометниот свет, пренесуваат шпанските медиуми, Арпад Штербик (44), ракометниот ас и поранешен голман на репрезентацијата на Југославија и Шпанија, доживеал срцев удар, пренесува „Релево“.

Штербик е на одделението за интензивна нега во Унгарија, Веспрем, тимот во кој поранешниот репрезентативец на Србија работи како тренер на голманите.

Тој не отпатува на натпреварот од Лигата на шампионите против дански Алборг бидејќи не се чувствувал добро.

Го однеле во болница каде му било констатирано срцев проблем и таму е хоспитализиран.

Штербик во периодот од 2014 до 2018 година ги бранеше боите на ракометниот клуб Вардар со кој во сезоната 2016/17 ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!