фото: РК Бутел Скопје

Ракометарите на Бутел Скопје победнички се враќаат од Луксембург

Ракометниот клуб Бутел Скопје денеска запиша победа во првиот натпревар од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп на гости кај Дуделанж со 31:27 и се наоѓа на чекор до пласман во втората рунда.

После првото полувреме играчите предводени од тренерот Горан Кузманоски имаа предност од четири гола разлика (17:13).

Во текот на првото полувреме Бутел Скопје одржуваше и позитива од шест голови разлика (13:7, 14:8), а така беше и во финишот од вториот дел на мечот (30:24, 31:25).

Во победничките редови Филип Николов постигна девет гола, Тодор Узунчев даде седум, а Димитар Узунчев стрелаше пет пати.

Значаен придонес во триумфот на македонскиот претставник имаше и голманот Благојче Трајкоски кој одбрани 13 удари на домашните.

Реванш средбата меѓу Бутел Скопје и Дуделанж ќе се игра на 13 септември од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот