Фото: facebook.com/darko.kostovski.543

Рајковска со златен медал на меѓународниот таеквондо турнир во Софија

Фросина Рајковска постигна одличен резултат на меѓународниот турнир во таеквондо „Софија опен“ од Г-1 серијата во Бугарија.

Македонската натпреварувачка освои злато во јуниорска конкуренција (-42 кг.), а до успехот дојде со две победи.

Прво триумфираше над претставничка од Србија со резултат 22:9, а во клучната битка за првото место со 12:5 славеше против натпреварувачка од Украина.

Ова е силен меѓународен турнир со 1000 учесници од над 50 држави од целиот свет.

Воедно турнир кој носи бодови за ранг лисата која носи до Олимписките игри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот