Рајанер ги зголеми цените на билетите за 42 проценти

Ирската нискобуџетна авиокомпанија Рајанер денеска објави скок на приходите во првиот деловен квартал благодарение на силната побарувачка и повисоките цени, посочувајќи дека патниците не се повлекле од топлотниот бран во Европа.

Во тримесечниот период до крајот на јуни, добивката по оданочување е речиси четири пати поголема од истиот период лани и скокна на 663 милиони евра. Приходите скокнаа за 40 отсто, на 2,6 милијарди евра, со 42 отсто повисока просечна цена на билетите и 11 отсто повеќе превезени патници. Компанијата ја нагласува и ниската споредбена база во 2022 година, кога на резултатите влијаеше влегувањето на руските вооружени сили во Украина.

Финансискиот директор Нил Сорахан рече дека патниците не резервираат во области со постудена клима или откажуваат летови поради топлотниот бран во Европа.

Кон крајот на јуни и почетокот на јули, цените за билетите резервирани поблиску до датумот на поаѓање малку ослабнаа, а главниот извршен директор Мајкл О’Лири рече дека ќе мора да ја стимулира побарувачката со пониски цени оваа зима, бидејќи ќе треба да пополни 25 отсто повеќе места отколку во 2019 година.

Тие во моментов очекуваат да превезат околу 183,5 милиони патници во деловната година што завршува во март 2024 година, девет проценти повеќе отколку во 2022/2023 година, што е малку намалување на нивната проценка поради доцнењето на испораките на авионите на Боинг, објави Индекс.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот