Фото: EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Рафа Бенитез се врати во Ла Лига

Поранешниот европски шампион со Ливерпул, Рафа Бенитез е назначен за нов тренер на Селта Виго.

Шпанскиот клуб објави дека постигнале договор и за него ова е враќање дома. Минатиот месец се шпекулираше дека Бенитез ќе го преземе Лестер, но тоа не се случи.

Бенитез и Селта постигнале вербален договор и тој ќе потпише договор до јули 2025 година и веднаш треба да ги започне подгоотвките за наредната сезона. Во својата богата тренерска кариера Бенитез има искуство и во Ла Лига каде што последен пат беше тренер на Реал Мадрид во 2015-та година.

Во кариерата работеше уште во Ваљадолид, Осасуна, Тенерифе, Екстрамадура и Валенсија. Тренер на Ливерпул беше од 2004 до 2010 и тука го постигна најголемиот успех и ја освои Лигата на шампионите. Од останатите клубови беше тренер на: Интер, Челси, Наполи, Њукасл и Евертон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот