Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA EDITORIAL

Рафа Бенитез добива нова шанса во Премиер лигата?

Лестер започнал преговори со шпанскиот стратег Рафа Бенитез кој би можел да им помогне во битката за борба за опстанок.

„Лисиците“ се без менаџер откако Брендан Роџерс неодамна го напушти тимот по четири години. Заминувањето на Роџерс дојде во спогодба со раководството поради лошите резултати, Лестер во овој момент е претпоследен со само 25 бодови.

Прва опција за Лестер беше Џеси Марш кој доби отказ во Лидс сезонава, но американскиот стратег ја одбил понудата. Марш отказот во Лидс го заработи во февруари, претходно ги водеше Монтреал, Њујорк, Салцбург и Лајпциг.

Бенитез во овој момент е без ангажман, а во кариерата беше тренер на: Евертон, Далијен, Њукасл, Реал Мадрид, Наполи, Челси, Интер, Ливерпул, Валенсија, Тенерифе, Екстремадура, Осасуна и Ваљадолид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот