
Раде Шербеџија стана дедо по петти пат: Неговата ќерка Нина роди син
Познатиот актер и режисер доби уште едно внуче откако неговата ќерка Нина роди здраво машко бебе.
Препорачано
Раде Шербеџија го доби петтото внуче. Како што пишува српски „Курир“, неговата ќерка Нина, сопругата на српскиот актер Филип Ѓуриќ, во саботата родила син, а и мајката и бебето се одлично.
Нина и Филип се запознаа во 2014 година, а почнаа да се забавуваат во 2018 година. Во јули 2023 година, тие се венчаа во Нови Сад, каде што живеат и работат. Нина носеше долга, луксузна венчаница, а Раде ја однесе до олтарот. Една од фотографиите од венчавката, на која актерот ја држи за рака својата ќерка Нина, стана вирална на социјалните мрежи.
Udala se ćerka Radeta Šerbedžije! pic.twitter.com/nJ9uFff4dn
— FantomBeograda (@FantomBeograda) July 3, 2023
Нејзините сестри Луција, Вања и Милица и братот Данило биле едни од највеселите, а поради добрата забава и на останатите им било тешко да седат. Во еден миг во чест на својата ќерка, Раде запеал со многу емоции.
Инаку, Нина веќе неколку години е во брак со актерот Филип, а ова им е прво дете.
Покрај актерството, Ѓуриќ се занимава и со педагошка работа. Како што пишува во неговата биографија, по завршувањето на Втората гимназија во Крагуевац, се запишал на Академијата за уметности во Нови Сад, каде што и магистрирал и моментално работи како асистент на тој факултет.
ФОТО | Се омажи најстарата ќерка на Раде Шербеџија: Гордиот татко ја одведе до олтарот
ФОТО | Раде Шербеџија сподели фотографија со ќерка си Вања: По две години, конечно сме сите заедно!