Фото: Wikimedia Commons / Profimedia

Раде Шербеџија откри зошто Вал Килмер не разговарал со него: Снимале заедно, но тој не сакал ниту да го поздрави!

Славниот холивудски актер Вал Килмер почина завчера, 1 април, како последица на пневмонија. Тажната вест за смртта на Килмер ја потврди неговата ќерка Мерцедес. Актерот, кој почина на 65-годишна возраст, се бореше со ракот од 2014 година.

Во текот на својата богата кариера, Вал Килмер соработувал со голем број познати актери, меѓу кои и со Раде Шербеџија.

Заедно глумеа во филмот „Светецот“ (The Saint) од 1997 година, а Шербеџија се присети на ова во интервју за порталот „Фокус прес“.

– Во тоа време тоа беше еден од најскапите филмови во светот. Главните улоги ги играа Вал Килмер и Елизабет Шу. Килмер беше толку популарен во тоа време што го сметаа за поголема ѕвезда дури и од Роберт де Ниро.

Шербеџија рекол дека студиото го сакал Ентони Хопкинс, но режисерот Филип Нојс инсистирал да го ангажираат токму него.

Потоа раскажал една анегдота од снимањето на овој филм:

– Сепак, една од најсмешните анегдоти се случи на снимањето на „Светецот“, каде што глумев со Вал Килмер. Во текот на целото снимање, Вал не сакаше да разговара со мене. Не ме ни поздравуваше. Си мислев: „Добро, нека прави што сака. Јас си го правам своето и не ми е гајле“. И потоа – последниот кадар. Го завршивме снимањето, а Вал одеднаш претрча преку целиот сет, ме прегрна, ме крена во воздух и возбудено рече: „Раде, јас тебе многу те сакам! Извини! Јас сум американски актер, а нашиот систем на работа е ваков – ако си мојот противник во филмот, не смеам да зборувам со тебе, ниту да те сакам додека трае снимањето“. Се насмеав и му реков: „Знаеш што, Вал, јас бев професор по глума на Академијата за драмски уметности. Добро ги знам проблемите на младите актери“.

ВИДЕО | Ова е последната објава на Вал Килмер: Постот на Инстаграм открива емотивни моменти од животот на актерот

Долгогодишна борба: Откриени нови шокантни детали од последните денови на Вал Килмер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот