Фото: ФК Работнички

Работнички постигна 16 гола против Карбинци, но тоа не е највисоката победа во историјата на Купот на Македонија

Екипата на Работнички одигра без милост и во денешните натпревари од Купот на Македонија против Карбинци ја заабележа една од највисоките победи во иторијата на македонскиот фудбал славјеќи со 16-0.

Тимот од Дебар Маало сезонава во Првата лига сè уште не успеа да ја затресе противничката мрежа, иако одигра веќе три натпревари. Но, во купот против аутсајдерот до врв ја наполни мрежта. По само 45 минути игра резултатот беше веќе 9-0, а единствениот „мирен“ период за Карбинци беше од 70. до 83. минута, кога Работнички не постигна гол.

Се истакнаа повеќе фудбалери, по два погодоци реализираа Жаку, Дејли, Хоџа, Асани и Николовски, додека по еден гол постигнаа Демири, Мециновиќ, Ангелов, Елези, Бошнаков и Кадриу.

Високите порази за Карбинци не се новост и во 2021 година беа поразени од Воска со 0-10, а уште порано, во 2013 година, повторно од Работнички примија девет гола (1-9).

Сепак, овој резултат иако импресивен, не е рекорден во домашниот фудбал. Највисокиот триумф во Купот на Македонија го држи Брегалница од Штип, која во 2019 година го совлада тимот на Ново Црнилиште со вонсериски 22-0.

На останатите денешни натпревари убедлива беше и Македонија Ѓорче Петров со победа од 14-0 над Љуботен, Брегалница со 6-0 ја елиминираше Победа Валндово, Силекс го доби Евротип со 7-1, додека изненадување приреди Охрид кој на пенали ја елиминираше Брера откако во регуларниот дел беше 1-1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот