
Работнички без странските засилувања на почетокот на кошаркарската Суперлига
Центарската гордост, екипата на Работнички, ќе биде сериозно ослабена на стартот на новата сезона во Суперлигата, поради неочекуваната ситуација со странските играчи. Во првото коло, против Пелистер, тимот ќе настапи без четворицата странци кои беа ангажирани во летниот преоден рок, поради суспензија на ФИБА за регистрација на странски кошаркари.
Препорачано
Суспензијата е изречена поради шест пријави од поранешни кошаркари и функционери за неисплатени обврски, што го принуди најтрофејниот македонски клуб да настапи исклучиво со домашни сили во воведното дерби. Покрај проблемите со составот, ситуацијата влијаела и на терминот на натпреварот, па наместо традиционалниот понеделнички термин со директен пренос на МТВ, „центарци“ решија да играат в недела од 15 часот во салата „Кале“.
Првичната намера на клубот беше да се закаже подоцнежен термин за да се добие дополнително време за регистрација, но тоа не беше дозволено. Челниците на Работнички се надеваат дека до второто коло, во дуелот против градскиот ривал ТФТ, ќе биде надмината оваа административна пречка и дека странските играчи ќе можат да се вклучат во игра.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
47мин
-
55мин
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5