Работи 90 минути на ден и заработува 4.000 долари месечно!

Џек Нолан, британски музичар, има работа од соништата, а го сподели своето искуство од животот и работата на крстосувачки бродови преку апликацијата TikTok. Тој работи 90 минути на ден и заработува околу 4.000 долари месечно!

Нолан работи на крстосувачки бродови речиси десет години, поминувајќи десет месеци годишно на море. На TikTok, каде што има речиси 100.000 следбеници, тој отворено ги споделува сите аспекти од животот на бродот – и добрите и лошите.

Во една од неговите најгледани објави, тој откри дека за само 90 минути работа на ден, шест дена во неделата, заработува околу 4.000 долари месечно. „Тоа се 111 долари на час“, вели Џек. „Да, одлична работа.“

На почетокот звучи како работа од соништата – патување низ светот, бесплатна соба и храна и солидна плата за кратко работење. Но, Џек јасно става до знаење дека постои и друга страна на овој животен стил. Во видео кое ги сумира петте најголеми предности и недостатоци, Џек наведува дека условите за работа на персоналот се далеку од луксузот што го уживаат патниците- пишува Каматица. 

– Нашата кабина е мала, а јас ја делам бањата со друг член на екипажот – вели тој. – Патниците често имаат станови, а ние буквално спиеме во шкафчиња.“

Друга честа заблуда е дека членовите на екипажот имаат време да ги видат дестинациите.

„Имате само неколку часа на ден за да излезете од бродот, и тоа ако немате дополнителни обврски – објаснува Џек.

Теретаните, истакнува тој, се достапни 24 часа на ден, но речиси секогаш се полни.

„Замислете да паднете од лента за трчање со 20 луѓе што ве гледаат“, вели тој со смеа.

Храната е бесплатна, но има построги правила за персоналот – дури и за грицки мора да бидете соодветно облечени, а најдобрите јадења се резервирани за гостите.

– Бидејќи живеам таму каде што работам, понекогаш се чувствувам како никогаш да не ја завршувам смената – вели Џек, додавајќи дека гужвите и недостатокот на приватност му го отежнуваат секојдневниот живот уште повеќе.

Сепак, и покрај неговите недостатоци, Џек признава дека работата на крузер му обезбедува неверојатни искуства.

– Работата на крузер има многу предности, но и свои недостатоци – заклучува тој. На крајот, сè се сведува на прифаќање и на убавото и на грдото“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот