Работат светлата и ништо друго: Како изгледаше Скопје првата вечер по новите забрани (ВИДЕО)

Скопје синоќа, откако беа воведени новите мерки од Владата за забрана на работата на кафулињата, рестораните и обложувалниците по 18 часот, изгледаше пусто.

Локалите ги почитуваа мерките и беа затворени, а ретко по улиците можеше да се забележи некој граѓанин. За разлика од преку ден кога по улиците има барем малку раздвиженост, скопјани вечерта останаа во своите домови и се држеа до препораките за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Засега во државата има девет случаи на коронавирус, а воведени се мерки од Владата на затворање на училиштата, градинките и факултетите, забрана за одржување на собири со над 1.000 лица, како и вчерашните мерки за забрана на работата на кафулињата, рестораните и обложувалниците по 18 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот