Владимир Путин/ Фото: ЕПА

Путин: Русија двапати сакаше да влезе во НАТО, но беше одбиена

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека Москва двапати ја изразила својата подготвеност да се приклучи кон НАТО, во 1954 и во 2000 година, но дека била одбиена, објави „Украинска новинска агенција“ (УНН).

Тој говореше на дискусионата група „Валдај“ во црноморското одморалиште Сочи, раскажувајќи како тогашниот американски претседател Бил Клинтон првично ја признал таквата можност, но подоцна „го сменил мислењето“ по консултациите со своите колеги.

Туск: Тоа е наша војна, и ако Украина изгуби, тоа е наш неуспех

– Нашата земја, обидувајќи се да ги отстрани основите за блоковска конфронтација и да создаде заеднички безбедносен простор, двапати ја објави својата подготвеност да се приклучи кон НАТО. Првиот пат беше во 1954 година, а вториот за време на посетата на претседателот Клинтон на Москва во 2000 година, кога практично бевме одбиени уште на прагот… Нашите западни колеги не беа подготвени да се откажат од заробеништвото на геополитичките и историските стереотипи. Лично разговарав со Клинтон и тој ми рече дека тоа е можно. А потоа, навечер, ми рече: „Се консултирав со моите луѓе и… па, тоа е нереално“ – изјави Путин.

Претседателот рече и дека Русија ќе реагира брзо доколку смета дека Европа ја провоцира и нагласи дека „речиси целата НАТО алијанса предводена од САД во моментов војува против Русија во Украина“.

– Сите земји членки на НАТО се борат со нас – изјави тој.

Зеленски: Русија сè уште мисли дека е доволно способна да ја ескалира војната со беспилотни летала

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот