Фото: EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY/SPUTNIK /KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Путин потпиша закон: Затвор до 10 години за оттуѓување на руски територии

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша пакет закони со кои се воведуваат затворски казни за отуѓување на руски територии. Со закон се воведуваат и административни казни за јавни повици за отуѓување руски територии.

Кривичниот законик сега ќе биде проширен со нова клаузула – кршење на територијалниот интегритет во која се предвидува казна од 10 години за отуѓување руски територии или други дејствија насочени кон кршење на територијалниот интегритет, со исклучок на разграничување и повторно разграничување на државната граница со соседните држави.

Според Одборот на Советот на федерацијата за законодавство и изградба на државата, луѓето кои ќе бидат фатени јавно да повикуваат на отуѓување територии ќе се соочат со административни казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот