Тогашниот премиер на Русија, Владимир Путин, се ракува со претставниците на Азербејџан на Евровизија 2009, Ајсел и Араш, за време на пробите во Москва на 9 мај 2009 година / Фото: ANTON BELITSKY / AFP / Profimedia

Путин организира „анти-Евровизија“: Србија го најави своето учество на фестивалот, објавен списокот со земјите-учеснички

Рускиот претседател Владимир Путин овој месец повторно ја активира старосоветската музичка манифестација под името Интервизија, замислена како противтежа на Евровизија, од која Русија беше исфрлена во 2022 година поради војната во Украина.

Главниот настан е закажан за 20 септември во салата „Лајв Арена“ во Новоивановско, во близина на Москва. На фестивалот ќе учествуваат земји блиски на Кремљ, меѓу кои се Кина, Иран и Белорусија, но и изненадувачки – САД.

За да се избегнат празни трибини, властите нудат исплата од 6.000 рубљи (околу 63 евра) на оние кои ќе прифатат да бидат дел од организирани „флеш мобови“ и да минуваат по 13 часа дневно на проби. Само на тој начин може да се добијат влезници за генералната проба и финалната вечер.

Публиката ќе биде строго контролирана – забранет е влез на политички противници, поддржувачи на Украина, како и на лица облечени во жолта и сина боја. Недозволени се и логоа, како и искинати фармерки.

На социјалните мрежи веќе кружи список со учесници: Азербејџан, Белорусија, Венецуела, Виетнам, Египет, Индија, Казахстан, Катар, Кина, Колумбија, Куба, Киргистан, Обединети Арапски Емирати, Русија, Саудиска Арабија, Србија, САД, Таџикистан, Узбекистан и Јужноафриканска Република.

Се чини дека Србија ќе се повлече од Евровизија и ќе настапи токму тука. Според пишувањата на „Нова“, земјата ќе ја претставува музичарот Слободан Тркуља.

„Целта на натпреварот е обнова на традиционалните вредности и промоција на универзални културни и духовни вредности“, изјави Путин во Кина на конференција за азиска безбедност, пренесува британскиот „Мирор“.

Рускиот лидер додаде дека натпреварот веќе предизвикува „огромен интерес“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!