Претседателот на Русија, Владимир Путин Фото: EPA-EFE/KRISTINA KORMILITSYNA / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Путин: Нема поента да се сретнам со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин на денеска изјави дека „не гледа многу смисла“ во средбата со својот украински колега Володимир Зеленски за да се разговара за завршување на руската војна против Украина, објави Киев индепендент.

Украинските и европските официјални лица постојано повикуваат на целосен прекин на непријателствата како предуслов за искрени мировни преговори меѓу Киев и Москва. Кремљ ги отфрла овие барања, инсистирајќи дека Украина првин мора да направи екстремни отстапки, како распуштање на армијата и одбивање странска воена помош.

Песков не ја исклучува можноста Путин да оди во САД за Светското првенство во 2026 година

– Многупати реков дека сум подготвен за овие контакти (со Зеленски). Не гледам многу смисла во нив бидејќи практично е невозможно да се постигне договор со украинската страна за клучните прашања: дури и ако постои политичка волја, во што се сомневам, постојат правни и технички тешкотии – изјави Путин на Источниот економски форум во Владивосток, на рускиот Далечен Исток.

Русија бара од Украина да ги признае нелегалните анексии на нејзините територии

Меѓу другото, Русија бара од Украина да ги признае анексиите на нејзините територии и да се повлече од деловите од тие региони кои сè уште ги контролира Киев.

Путин тврди дека секој договор со Киев за окупираните територии мора да биде потврден преку референдум, како што предвидува украинскиот Устав. За тоа да се постигне, во Украина би требало да се укине воената состојба која е во сила.

Путин: Русија е подготвена да ја обезбеди безбедноста на состанокот со Украина во Москва

 

Тој, исто така, изјави дека е подготвен да се сретне со Зеленски само во Москва.

– Ако тие (Украина) сакаат да се сретнат со нас, ние сме подготвени. Најдоброто место за тоа е главниот град на Руската Федерација, херојскиот град Москва – рече претходно Путин.

„Ако Путин е сериозен, не треба да ме кани во Кремљ“

На 4 септември, по самитот на „Коалицијата на подготвените“ во Париз, Зеленски коментираше за неодамнешната покана на Путин за средба во Москва. Зеленски рече дека, ако Путин навистина е сериозен за средбата, не треба да го кани во Кремљ.

– Русија почна да зборува за средба, што само по себе е добро, но досега не гледаме никаква нивна желба да ја завршат војната. Зрели лидери треба да излезат од една средба на високо ниво со резултати, по можност со крај на војната – додаде Зеленски.

Путин изјави и дека странските трупи на украинска територија би биле сметани за „легитимни цели за уништување“ и дека нивното распоредување би било непотребно доколку се постигне мировен договор.

Путин: Какви било западни војници во Украина, Русија ќе ги смета за легитимни цели

– Ако таму се појават какви било трупи, особено сега, за време на борбите, сметаме дека тие ќе бидат легитимни цели за уништување. А ако се постигнат договори што ќе донесат мир, долготраен мир, тогаш едноставно нема да има смисла нивното присуство на украинска територија – подвлече Путин.

Неговите коментари доаѓаат во време кога Европа го зголемува интензитетот на разговорите за безбедносни гаранции за Киев во случај на примирје или на мировен договор, вклучително и предлози за испраќање странски мировници со цел да се спречи нова руска инвазија.

Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот