владимир путин
Владимир Путин, 2022 година / Фото: EPA-EFE/SERGEI GUNEYEV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL

Путин најави пресметка со предавниците: „Самочистењето“ на општеството ќе ја зајакне Русија

Во денешното обраќање рускиот претседател Владимир Путин ги нарече „национални предавници“ своите сограѓани кои не ја поддржуваат руската инвазија на Украина. Во видео-конференција со неговите високи функционери, рускиот претседател остро го критикуваше Западот за санкциите и повторно ја обвини украинската влада дека е „нацисти“, а потоа премина на својот народ.

Тој изјави дека Западот смета на поддршката од „петтоколонашите и од „националните предавници“ во Русија.

„На оние што заработуваат овде, кај нас, а живеат таму, а под „живеење“ не мислам во географска смисла туку во нивните сопствени мисли, во нивната поробена свест“, започна Путин, па продолжи:

„Не ги осудувам оние кои имаат вила во Мајами или на француската ривиера, кои не можат без таканаречена „надворешна слобода“. Ова апсолутно не е проблем. Но, повторувам, проблемот е што многу од овие луѓе се ментално таму, не овде, не со нашиот народ, не со Русија. Тоа е, според нивното мислење, нивно мислење, знак на припадност кон повисока каста, повисока раса“, рече тој.

Путин не застана на едно спомнување на „повеќе касти“ и „повеќе раси“.

„Таквите луѓе се подготвени да ја продадат сопствената мајка, само за да им дозволат да седат во ходникот на таа повисока каста. Сакаат да бидат како неа. Но, тие не разбираат дека оваа таканаречена виша каста треба само да нанесе најголема можна штета на нашиот народ како потрошен материјал. Колективниот Запад се обидува да го подели нашето општество шпекулирајќи за воените загуби, социо-економските последици од санкциите, предизвикувајќи граѓански конфликт во Русија и користејќи ја својата „петта колона“ за да ја исполни својата цел да ја уништи Русија“.

„Но, секоја нација, особено рускиот народ, секогаш може да ги разликува вистинските патриоти од никаквеците и предавниците и едноставно да ги исплука, како комарец што случајно им влегол во устата, да ги исплука на под“, рече Путин и отиде чекор понатаму:

„Убеден сум дека ова природно и неопходно самочистење на нашето општество само ќе ја зајакне нашата земја, нашата солидарност, сплотеност и подготвеност да одговориме на сите предизвици.

„Таканаречениот колективен Запад и неговата „петта колона“ се навикнати да мерат се и секого сами по себе. Тие веруваат дека се се продава и дека се може да се купи, па веруваат дека ќе се распаднеме и ќе се повлечеме. Но, тие не ја познаваат добро нашата историја и нашиот народ“, заклучи Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот