Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Путин ќе одговара за воените злосторства, порача Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „тоа што се случи во Буча е ужасно и рускиот претседател Владимир Путин треба да одговара за воено злосторство”.

„Ќе се сетите дека бев критикуван кога го нареков Путин воен злосторник. Видовме што се случи во Буча… тој е воен злосторник”, рече Бајден.

Тој додаде дека мора да продолжи да се испраќа оружје во Украина, но и да се соберат сите информации и детали за да може да се одржи судење за воени злосторства.

„Путин е брутален. Тоа што се случи во Буча е ужасно, сите го видоа. Мислам дека тоа е воено злосторство и Путин мора да одговара”, рече Бајден.

На прашањето како Америка ќе одговори, Бајден рече дека ќе бара повеќе санкции за Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот