Викимедиа

Путин ја заведувал фаталната Никита со дијамантски ѓердан: „Ми зборуваше за вотка!“

Атрактивната глумица Пита Вилсон своевремено важела за голема заводничка. Денес изгледа поприлично поинаку, но и тоа не зачудува бидејќи од почетокот на емитувањето на познатата серија „Никита“ поминаа повеќе од 22 години.

Во една прилика раскажала дека кога во 2002 година била на меѓународниот филмски фестивал во Москва, се обидел да ја освои и Владимир Путин. Се нашле заедно во соба, Путин наредил сите да излезат од просторијата, а тој, како што раскажала Пита, се обидел да ја заведе со дијамантски ѓердан.

Владимир Путин и Пита Вилсон/Profimedia

„Ми се додворуваше, ме хранеше и ми зборуваше за вотка. Тоа беше вистинска ноќна мора“, ја опишала Пита својата средба со рускиот претседател, а нејзините зборови започнале лавина од коментари.

Џек Николсон, Владимир Путин и Пита Вилсон/ Profimedia

Пита со текот на годините прилично се променила. Додала неколку килограми, на нејзиното лице се појавиле неколку брчки, но нејзиниот продорен поглед сè уште е присутен.

Убавата Австралијанка која во ноември ќе наполни 49 години го има 17-годишниот син Марлоу од врската со долгогодишното момче Марлоу. Ја поврзуваа со глумецот Расел Кроу и со Мик Џегер. Откако се откажала од глумата се занимава со дизајн, а има и свој бренд за долна облека.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот