Путин и Си Џипинг Пекинг фото: ЕПА

Путин и Си во Пекинг: Билатералните односи на исклучително високо ниво

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг се сретнаа денес во Пекинг, во пресрет на одбележувањето на победата во Втората светска војна, и се согласија дека билатералните односи меѓу двете земји се на исклучително високо ниво.

Путин истакна дека основата на односот на сеопфатно партнерство и стратешка интеракција меѓу Москва и Пекинг е „сеќавањето на военото братство, довербата, меѓусебната помош и цврстината во одбраната на заедничките интереси“, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека одлуката за заедничко одбележување на 80-годишнината од победата „има посебно значење“, исто како пред 10 години во Москва.

„Ова е почит кон подвигот на нашите народи, народите на Русија и Кина за време на Втората светска војна, потврда за клучната улога на нашите земји во постигнувањето победа на европските и азиските боишта, доказ за нашата заедничка подготвеност да ја браниме историската вистина и правда. Нашите предци, нашите татковци и дедовци платија огромна цена за мирот и слободата. Ние не го забораваме тоа, ние се сеќаваме. Ова е основата, темелот на нашите достигнувања денес и во иднина“, рече рускиот лидер.

Си оцени дека учеството на лидерите на двете земји на церемонијалните настани по повод победата во Втората светска војна стана добра традиција во билатералните односи.

Тој ја истакна подготвеноста на Кина да го поддржи развојот на народите на тие две земји со Русија, како и дека односите меѓу Москва и Пекинг го издржаа „тестот на меѓународните услови и служат како пример“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!