Foto: EPA

Путин и Си разговарале за постигнување бесмртност со помош на биотехнологијата

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, двајцата на 72 години, разговараа за бесмртност и очекуван животен век од најмалку 150 години, не знаејќи дека разговорот е снимен од безбедносна камера пред почетокот на големата парада во Пекинг, објави денес Политико.

Двајцата лидери наводно разговарале за можноста за бесмртност преку трансплантација на органи и напредни медицински процедури.

„Порано, луѓето ретко живееја до 70 години, но денес на 70 години сè уште сте дете“, му рекол Си на Путин со помош на преведувач.

Путин одговорил дека човечките органи, со развојот на биотехнологијата, можат континуирано да се трансплантираат, а луѓето можат да се подмладат, „па дури и да постигнат бесмртност“.

„Предвидувањата се дека во овој век постои шанса да се живее 150 години“, додаде Си.

Кина има долга историја на земање органи од погубени затвореници, што официјално беше забрането во 2015 година, но тоа не ја ограничи практиката бидејќи владата се свртува кон малцинствата за органи, вклучувајќи ги и Ујгурите кои се соочуваат со геноцид во западниот дел од земјата, додаде Политико.

Минатата година, „Тајмс“ од Лондон објави дека претставници на Кремљ им наложиле на научниците да го забрзаат истражувањето против стареење, фокусирајќи се на клеточната дегенерација, когнитивниот пад и зајакнувањето на имунолошкиот систем.

Во Пекинг, Си беше домаќин на 26 светски лидери, вклучувајќи ги Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, за голема воена парада по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!