Фото: Профимедиа

Путин го одликува американскиот актер Стивен Сигал со Орден за пријателство

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одликуваше американскиот актер Стивен Сигал со Орден за пријателство.

Во указот објавен на официјалниот интернет портал за правни информации, се наведува дека Стивен Фредерик Сигал е награден „за големиот придонес во развојот на меѓународната културна и хуманитарна соработка“,

Во ноември 2016 година, Путин потпиша декрет со кој на Сигал му се дава руско државјанство.

Оттогаш, тој живее во Русија, каде што се приклучи на националистичката партија во 2021 година. Во август 2022 година, тој го посети источниот дел на Украина, каде што се сретна со водачот на проруските сепаратисти во Доњецк, Денис Пушилин, давајќи му поддршка.

Стивен Сигал (70), експерт за аикидо, беше ѕвезда на американските акциони филмови во 1980-тите и 90-тите години. Додека неговата кариера беше во опаѓање, Сигал, роден во Лансинг, Мичиген, полека се зближуваше со авторитарните лидери, вклучувајќи го и рускиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот