Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Пуштен во употреба првиот тач семафор (ФОТО)

На булевар Србија на пешачкиот премин во близина на Полициската станица „Ново Лисиче“ денеска е пуштен во употреба првиот тастер со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето зелено светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Граѓаните се малку скептични за начинот на кој функционираат овие уреди, велат дека сè уште незнаат да ги користат.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави дека ја утврдиле потребата и по барање на граѓаните поставен е семафор за безбедно минување на булеварот „Србија”.

– Наидовме на разбирање и на барање од компанијата „ОКТА” да воведеме и еден поинаков нов систем, а тоа е кога нема толку многу сообраќај да може со помош на притискање копче да се отвори пешачкиот сигнал со цел да ја зголемиме безбедноста при преминување на улицата, особено на децата кои гравитираат овде и одат на училиште, рече Шилегов.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Оваа донација е дел од кампањата „Јас внимавам“, во рамки на која вакви современи уреди ќе се постават на повеќе семафори на булеварите во Скопје. Проектот е резлизиран во соработка со Град Скопје и ЈП Улици и патишта.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот