Фото: Profimedia

Пукање во Австралија, убиени се двајца полицајци

Тројца луѓе, од кои двајца полицајци, се убиени во пукање на имот оддалечен од населени места во австралиската држава Квинсленд.

Во моментот на пукањето, на имотот имало четворица полицајци, кои реагирале на пријава за исчезнато лице во Виамбила, јавува „Би-би-си“.

Полицијата се уште не соопштува детали за тоа како дошло до пукањето. На прес-конференцијата само кажаа дека сторителите се во бегство, а локалните жители се советувани да останат во своите домови „до ново известување”.

Катарина Керол, портпаролка на полицијата во Квинсленд, изјави дека е во тек голема полициска потрага во која се вклучени специјалните и воздухопловните сили. Таа додаде дека ова е најголемата загуба на животи во инциденти што се забележани во оваа земја во последно време и им оддаде почит на полицајците кои „ја поднесоа крајната жртва за нашата заедница да ја зачуваат безбедна”.

Министерот за полиција на Квинсленд, Марк Рајан, го опиша инцидентот како „трауматичен и катастрофален настан за заедницата”.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека ова е „ срцепарателен ден за семејствата и пријателите” на полицајците од Квинсленд кои ги загубија животите додека ја извршуваа својата должност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот