САД полиција/ Фото: Robyn BECK / AFP / Profimedia

Пукање на техно забава во Лос Анџелес – најмалку двајца загинати

Најмалку двајца се убиени, а шестмина се ранети во пукотница што се случила рано утринава на неофицијална забава по музичкиот фестивал „Хард Самер“ во центарот на Лос Анџелес, соопштија американските власти.

Полицијата информира дека уапсила еден осомничен поврзан со пукањето. Забавата била промовирана на социјалните мрежи како афтепарти на викенд техно фестивалот што се одржува во Холивуд Парк.

Истрагата е во тек, а засега не се познати мотивите за нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот