Престрелка позади полициска станица Бит пазар - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Престрелка кај полициска станица Бит пазар / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

ФОТО | Пукање на Бит-пазар, едно лице се бори за живот

Едно лице е повредено во пукотница со огнено оружје меѓу две групи на подрачјето на Бит-пазар.

Како што информираат од МВР, околу 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит-пазар има пукање од огнено оружје.

Престрелка позади полициска станица Бит-пазар - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Престрелка позади полициска станица Бит пазар – Фото Слободен печат / Методи Здравев

„Полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Престрелка позади полициска станица Бит-пазар - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Престрелка позади полициска станица Бит пазар – Фото Слободен печат / Методи Здравев

Дел од медиумите пренесуваат дека лицето кое било рането им подлегнало на повредите.

Престрелка позади полициска станица Бит-пазар - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Престрелка позади полициска станица Бит пазар – Фото Слободен печат / Методи Здравев
Престрелка позади полициска станица Бит-пазар - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Престрелка позади полициска станица Бит пазар – Фото Слободен печат / Методи Здравев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот