Фото: Принтскрин

ПУКАЊЕ ВО ХАИТИ: Сенатор отвори оган пред парламентот, двајца повредени (ВИДЕО)

Во Хаитите сенатор отвори оган за време на вчерашниот протест пред парламентот, при пукањето тој повредил две лица, јавуваат светските медиуми.

Жан Мари Ралф Фетиер започнал да пука додека излегувал од своето возило пред зградата на парламентот во главниот град Порт о Пренс.

Притоа тој го погодил Чери Диеу Нали, фотограф на АП. Во инцидентот е повреден и Леон Лебланк, припадник на обезбедувањето.

Диеу Нали, кој носел значка „прес“, бил погоден в лице. Тој сега е во болница и се опоравува. Не е познато каква е здравствената состојба на чуварот Лебланк.

Сенаторот рече дека користел огнено оружје затоа што се бранел од демонстрантите бидејќи наводно му се заканувале вооружени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот