Промоцијата се организира во соработка со Здружението ИКОН

Публикација со цртежи од Борко Лазески ќе има промоција во Музејот на македонската борба за самостојност

Публикацијата „Циклус цртежи Мариово 1936 од Борко Лазески“ ќе биде промовирана во НУ Музеј на македонската борба за самостојност на 24 декември, со почеток во 12 часот.

Изданието содржи цртежи кои Лазески ги создава во 1936 година, инспириран од неповторливиот пејзаж, традиција и култура на Мариово. Публикацијата вклучува репродукции на цртежите, критички текстови и историски осврти коишто ја доловуваат вредноста на овие дела, како и културно-историскиот контекст во кој се создадени.

На промоцијата ќе бидат изложени дел од оригиналните записи на Лазески, што ќе ѝ овозможи на публиката автентично доживување на неговото уметничко наследство.

Промоцијата се организира во соработка со Здружението ИКОН, а на присутните ќе им се обратат Росица Лазеска и в.д. директорката на Музејот на македонската борба за самостојност, Анче Илиевска.

Изданието е поддржано од Годишната програма за национален интерес на Министерството за култура и туризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот