Архива на СП

Птичјиот грип убива десетици тигри, пуми и други големи мачки во засолниште за животни во САД

Дваесет големи диви мачки, вклучително и бенгалски тигар и четири пуми, умреа од птичји грип во последните неколку недели во засолниште за животни во американската сојузна држава Вашингтон, соопшти организација за заштита на животните.

„Оваа трагедија длабоко го погоди нашиот тим и сите ние тагуваме поради загубата на овие неверојатни животни“, напиша Центарот за застапување Wild Felid со седиште во Вашингтон во објава на Фејсбук.

Беше прецизирано дека животните угинале во периодот од крајот на ноември до средината на декември и дека азилот е во карантин и затворен за посетители со цел да се спречи ширење на вирусот.

„Мачките се особено ранливи на овој вирус, кој предизвикува поблаги почетни симптоми, но брзо напредува, што често доведува до смрт во рок од 24 часа поради состојби слични на пневмонија “, се вели во соопштението.

Птичјиот грип продолжува да се шири меѓу добитокот и живината во САД, а потешка форма на болеста е дијагностицирана кај луѓето, објавија претходно американските здравствени власти.

Гувернерот на Калифорнија минатата недела прогласи вонредна состојба во таа американска држава поради ширењето на птичјиот грип, кој првично се појави кај кравите, а инфекцијата досега е забележана кај 61 лице ширум САД.

Разорната вирусна инфекција, која ја пренесуваат дивите птици, се шири првенствено преку респираторниот секрет и контактот меѓу птиците, а цицачите кои јадат птици или други сродни производи можат да се заразат, додека преносот од човек на човек не е докажан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот