Жена со часовник, доцнење
Фото: Pexels/Meruyert Gonullu

Психолог открива: Ако постојано доцниме, страдаме од помалку позната хронична состојба

Ако постојано доцниме, можеби страдаме од малку познатиот синдром на хронично доцнење, пишува британскиот весник „Сан“. Како што објаснува психологот Беки Спелман, синдромот на хронично доцнење се однесува на неможноста да се препознае колку време поминало или да се процени колку долго ќе трае нешто.

Така, можеме да се најдеме во ситуација како трчаме да фатиме автобус во последен момент, не ги исполнуваме роковите навреме или мислиме дека за извршување на одредена задача ќе ни требаат 30 минути, а всушност, ќе ни биде потребно двојно повеќе.

Иако речиси секој човек до одреден степен ќе го доживее тоа во текот на својот живот, синдромот на хронично доцнење е, всушност, трајно искривена перцепција за времето, објаснува психологот.

Иако овој синдром не е медицинска состојба сам по себе, лекарите често го користат за објаснување на губењето на чувството за време.

„Синдромот на хронично доцнење често се поврзува со невроразвојни состојби како што е нарушување на вниманието и хиперактивноста, односно АДХД“, рекла д-р Спелман, кој додава дека тоа не значи дека мора да имаме АДХД за да имаме проблеми со управување со времето.

Како што објаснува, синдромот на хронично доцнење понекогаш може да се појави кога нашиот мозок страда од таканаречената извршна дисфункција. Тогаш се случува нешто што значително ја попречува способноста на нашиот мозок да ги контролира и регулира мислите, емоциите и однесувањето.

„Кога ова ќе почне да се случува, на човекот може да му стане тешко да планира, организира или управува со времето“, додава психологот.

Истражувањата покажуваат и дека АДХД и синдромот на хронично доцнење се поврзани со хиперфокусот, состојба во која личноста е толку окупирана со одредена задача што буквално може да исклучи сè друго. Ова можеме да го забележиме кога правиме нешто што ни изгледа многу интересно, а времето како да лета.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот