Фото: Mercedes-Benz

Првиот „вегански автомобил“ со тапија е „Мерцедес“

Автомобилскиот гигант „Мерцедес-Бенц“ е првиот кој добил сертификат за целосно „вегански автомобил“, откако со новиот модел „ГЛЦ“ стана прв производител во светот кој има официјална потврда дека во него не се вградуваат материјали од животинско потекло.

Независната организација „Веган сосајети“ ги проверила сите површини во возилото, почнувајќи од седиштата и таванот, преку внатрешните облоги на столбовите и вратите, па до тепихот, пренесуваат медиумите.

Сертификатот ги осигурува клиентите дека сите површини, вклучувајќи ја вештачката кожа „Артико“ и платнените облоги, не содржат материи од животинско потекло. „Веган сосајети“ дополнително потврдува дека во сите постапки на производство и обработка не се користени состојки или помагала во преработена или непреработена форма, што се од животинско потекло.

„Мерцедес“ им го нуди пакетот „Веган“ на купувачите како опција во новиот „ГЛЦ“, кој прво стартува во електричната изведба, а потоа и со бензински, дизел и хибридни погонски единици. Тоа ќе биде означено во конфигураторот за „ГЛЦ“ со „веганскиот цвет“, што е препознатлив знак на „Веган сосајети“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот