Фото: Jan Van de Vel Science Library NTB Scanpix

Првиот лек за астма во изминатите 50 години е прогласен за „револуционерен“

Новиот лек за астма, прв од ваков вид во последните 50 години, е прогласен за „револуционерен“ од лекарите и пациентите, откако клиничкото испитување покажа дека лекот бенрализумаб е многу поефикасен од традиционалните таблети во лекувањето на тешка форма на астма.

Бенрализумаб е антитело што ги таргетира белите крвни зрнца кои можат да ги нападнат белите дробови кај луѓето со еозинофилна астма, форма на болеста што предизвикува оток и стеснување на дишните патишта.

Резултатите од клиничкото испитување покажаа дека пациентите со астма или хронични болести на белите дробови, кои ја примиле инјекцијата од овој лек, во текот на нападот, имале помала веројатност да имаат отежнато дишење и други симптоми четири недели подоцна.

Значително подобрување имало и во квалитетот на животот, според податоците објавени во списанието „Лансет респиратори медисин“ (The Lancet Respiratory Medicine).

Стероидните таблети со децении биле основниот третман за лекување на астмата и хроничните болести на белите дробови, но не секогаш биле ефикасни, поради што пациентите морале да земаат повеќе видови лекови, со ризик повторно да бидат примени во болница.

Редовната употреба на стероиди го зголемува и ризикот од дијабетес и остеопороза, истакнуваат експертите.

„Ова е одлична вест за луѓето со белодробни заболувања. Но, поразително е тоа што ова е првиот нов третман во последните 50 години, што покажува колку истражувањето на болестите на белите дробови е недоволно финансирано“, рекла д-р Саманта Вокер.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот