Избори Романија 2025 / Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Први излезни анкети во Романија: Дан пред Симион со 54,1 процент од гласовите

Според резултатите од првите излезни анкети од вториот круг од претседателските избори во Романија од страна на агенцијата за истражување на јавното мислење, проевропскиот кандидат и градоначалник на Букурешт Никушор Дан освоил 54,1 процент од гласовите, додека 45,9 проценти гласале за десничарот Георге Симион.

Излезноста на изборите беше 64,7 проценти, односно 11.637.946 регистрирани гласачи, вклучувајќи ја и дијаспората.

Во земјата гласаа 9.994.982 Романци, од кои 5.687.875 во урбаните средини и 4.164.206 во руралните средини.

Во Букурешт беше надминат прагот од еден милион гласачи (излезност од 56 проценти).

По објавувањето на првите излезни анкети, Дан изјави дека „романското општество покажа огромна сила“, додека Симион рече дека „според проценките на неговиот тим, тој има 400.000 гласови повеќе“ од Дан.

Романците гласаат на неизвесни претседателски избори, тензиите продолжуваат да растат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!