
Првата дама на САД, Џил Бајден предизвика лавина рекации откако се појави во мрежести чорапи
Првата дама на САД, Џил Бајден предизвика широка дискусија на социјалната мрежа „Твитер“ откако се појавија фотографии на кои таа излегува од авион во мрежести чорапи, пишува „Дејли меил“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
69-годишната Џил се врати во Вашингтон по патувањето во Калифорнија, а на авионската писта излезе облечена во црно. Носеше црна јакна, црно здолниште над колената, црни чизми со високи потпетици и мрежести чорапи што привлекоа најголемо внимание и предизвикаа лавина реакции.
Madonna called and wants her trashy look back, Doc.
https://t.co/SFizSkqWL2— Wayne Dupree Media, LLC (@WayneDupreeShow) April 5, 2021
Бројните корисници на „Твитер“ почнаа да пишуваат дека ваквиот изглед не е соодветен за дама на нејзина возраст и дека со мрежестите чорапи изгледа „евтино“.
„Се јави Мадона и си го побара назад својот евтин стајлинг“, напиша еден корисник.
View this post on Instagram
„Изгледаш како бабата на Мадона“, се согласи друг.
„Дефинитивно е престара за ваков стил на облекување. Изгледа одвратно. Од друга страна, Меланија би изгледала одлично во ваква комбинација“, истакна трет.
„Ги помешала празниците, можеби мислела дека е Ноќта на вештерките. Можеше да го комплетира
костумот со соодветна метла. Во секој случај, во 70-тите години не се носат мрежести чорапи и такви чизми“, напиша друг корисник на „Твитер“.
Can't believe all the fuss about Jill Biden's tights. In 2021 ffs. https://t.co/arvuYd6XtQ
— emma iannarilli (@fashion_mommyWM) April 4, 2021
Сепак, бројни беа и оние кои веднаш застанаа во одбрана на првата дама и им се
спротивставија на негативните коментари.