северна кореја проектил EPA-EFE/KIM HEE-CHUL

Провокација на Пјонгјанг: Северна Кореја лансираше балистичка ракета што го прелета јапонското копно

Северна Кореја денеска лансирала балистичка ракета што го прелетала јапонското копно, соопштија властите во Токио кои за првпат по пет години издадоа наредба за евакуација на граѓани.

До граѓаните на островот Хокаидо била испратено предупредување да се засолнат додека ракетата го прелетувала јапонското копно, пред да заврши во водите на Тихиот Океан.

Токио соопшти дека не биле преземени одбранбени мерки за уништување на ракетата, прва што прелета над јапонските острови од 2017 година.

„Серијата активности на Северна Кореја, вклучително и повторените лансирања на балистички ракети, го загрозуваат мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница и претставуваат сериозен предизвик за целата меѓународна заедница, вклучително и Јапонија”, рече владиниот портпарол Хирозаку Мацуно.

Јапонскиот премиер „варварски” го нарече чинот на Пјонгјанг.

Главниот штаб на јужнокорејската армија објави дека се чини дека станува збор за ракета со среден дострел лансирана од севернокорејската провинција Јаганг, од каде Пјонгјанг врши пробни лансирања ракети, вклучително и неколку за кои тврдеше дека се „хиперсонични”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот