Лекови апчиња во аптека / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Протест на фармацевтите во Белград за да се спречи префрлање на јавните аптеки во приватни раце

Вработените во компанијата „Апотеке Београд“ ја блокираа раскрсницата на улиците „Краљ Милан“ и „Кнез Милош“, незадоволни од состојбата во таа компанија и по 45-минутен протест им се придружија на студентите во акцијата за доставување пошта на жртвите во Нови Сад.

„Здравјето на Белград се продава“, „Фармацевти без права“, „Да не им ги даваме државните аптеки во рацете на оние што не знаат разлика меѓу аспирин и профит“, „Нема лек за државната аптека“, „Фармацевти на пленуми“, „Капитализмот е болест, солидарноста е лек“, „Стоп за приватизацијата на аптеките“, „Зошто сте фармацевти на улица“, „Апотека Крагуевац преживеа војни и пандемии, а сега е на респиратор“, дел од натписите на транспарентите на учесниците на протестот кај Аптека „1. мај“. На фармацевтите од Белград им се придружија колегите од Крагуевац, Краљево и Ужице, како и граѓани и група моторџии, објави Данас.

Насобраните порачаа дека во корист на приватните аптеки, систематски се уништуваат аптеките во јавен имот, барајќи да се стопира нивната приватизација, да им се исплатат заостанатите плати, како и одговорност за состојбите во аптеките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот