
Протече планот за развод на Бјанка? Додека Канје Вест тоне во долгови, таа тајно собира милиони: „Профитира од неговата глупост“
Сопругата на раперот Канје Вест, Бјанка Ценсори, ги претворила нивните бизарни јавни појавувања во личен извор на заработувачка и дека тајно создава вистинско мало богатство, додека нејзиниот сопруг наводно тоне сè подлабоко во долгови. Ценсори, како што објави „Марка“, била богато платена за нејзиното учество во ексцентричните настани што станаа синоним за нивната врска.
Препорачано
Изворот тврди дека Вест плаќа приближно 250.000 долари по „настап“, вклучувајќи го и исценираниот бакнеж што го споделиле на забава во Јужна Кореја пред неговиот концерт.
– Да ја натера да ги прави овие претерани работи и притоа да ѝ дава многу пари – тоа е врвниот чин на финансиска доминација за Канје. Тој се „пали“ на тоа, а таа заработува сериозни пари од неговиот фетиш – рекол изворот.
Далеку од тоа да ги троши исплатите, Ценсори наводно внимателно штеди, подготвувајќи се за можноста за животот по Вест.
– Таа е многу пресметана и сето тоа го крие на сигурно. Се шпекулира дека веќе има близу 10 милиони долари, можеби и повеќе, така што кога сето ова ќе заврши, ќе има убава безбедносна мрежа, за која смета дека ја заслужува откако ги поднесуваше неговите глупости – тврди изворот, објаснувајќи дека Ценсори наводно ја гледа својата сегашна ситуација не само како можност за јавна видливост, туку и како отскочна даска за нова кариера.
Додека Ценсори наводно напредува, финансиите на Вест се чини дека стрмоглаво паѓаат. Раперот е забранет во повеќе земји поради своите контроверзни изјави, со што му е намален еден од главните извори на приход. Исто така, му пропаднаа и другите профитабилни договори, инвестиции во недвижности, а неговиот раскошен животен стил остана ист.
– Проблемот за Канје е што му снемува пари. Тоа ќе заврши катастрофално – додал изворот.
Вест неодамна го стави на продажба својот стан во Калабасас, кој му беше доделен со разводот од поранешната сопруга, ријалити ѕвездата Ким Кардашијан во 2022 година, за нешто помалку од три милиони долари. Но, тоа е наводно, велат изворите, „ситница “ во споредба со долговите што ги има. Извештаите сугерираат дека тие долгови, кои би можеле да достигнат милиони, вклучуваат неплатени даноци и казни поврзани со имотот.
Од друга страна, Ценсори се подготвува за независност, а изворот заклучува: „Единствената што излегува од сето ова како вистински победник е Бјанка“.
ФОТО | Како друга личност: Погледнете како изгледала Бјанка Ценсори пред да се омажи за Канје!
Бјанка Ценсори му постави брутален ултиматум на Канје Вест бидејќи „сака повеќе слобода“