Училиште, училниц
Празна училница /Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Просветниот инспекторат направи вонреден надзор во училиштето во Челопек, мерките ќе бидат соопштени утре

Држаниот просветен инспекторат денеска направи вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во тетовски Челопек, барајќи одговорност за организирањето училишна приредба во која учествуваат ученици облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и со пушки во рацете. Од Просветниот инспекторат соопштија дека утре ќе биде познато какви мерки ќе бидат преземени.

-Уште не е составен записникот, верувам дека до утре најдоцна ќе биде готов и ќе се постапи согласно закон. Ќе има мерки, ама чекаме да заврши надзорот – изјави за МИА директорот на Инспекторатот, Шабан Алајбегу.

И Општина Брвеница има побарано одговори од училиштето по настанот.

-Ние зедовме изјава од директорот за настанот. Понатака ќе ја почитуваме одлуката на Инспекторатот – изјави градоначалникот Јовица Илиевски.

Јаневска: Просветниот инспекторат е на терен, ќе утврдува одговорност за приредбата во Челопек каде децата носеа амблеми на УЧК

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот